bobimojsoskivarna

Боби Мојсовски специјален гостин на фестивалот „Откритие“ во Варна

Охрид, 17. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Младиот охридски пејач Боби Мојсовски, на 14-ти мај настапи како специјален гостин на интернационалниот фестивал „Откритие“ во Варна, Бугарија.

Во 2011 година, токму на овој фестивал, Боби го освои „Златниот клуч“ за Најдобра вокална интерпретација и трето место за најдобра песна.

Како единствен претставник од Република Македонија, тој се претстави со неговите авторски синглови: „Те краде тој“ и „Погледни во мене“, а на барање на публиката, ја испеа и „I want it all“ на групата Queen. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива