izlozbarobevci

Изложба во Робевци по повод Светскиот ден на музеите и музејските работници

Охрид, 18 мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – 18 мај се одбележува како Светски ден на музеите и музејските работници.

Како што одминува времето, музеите кај нас, а и во светот се повеќе стануваат живи. Освен што се посетени од домашни и странски гости, во нив се организираат и бројни културни настани, како промоции, ликовни изложби и други случувања.

НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј Охрид и годинава ќе го одбележи Денот на Музејските работници.  Утревечер од 19 часот во Галеријата на Робевци по 27-ми пат ќе биде отворена традиционалната изложба.  Посетителите ќе може да погледнат дела на уметници кои во последните години изложувале во овој простор. Уметничките дела ќе бидат достапни до крајот на овој месец.

Со овој настан и официјално ќе биде отворена сезоната на изложби кои ќе се одржуваат во Галеријата на Робевци.

Инаку, Меѓународниот ден на музеите е прослава што од 1977 година традиционално се организира на 18 мај и во која се вклучени илјадници светски музеи. (Крај)

извор: ОхридПрес  фото: архива