vardarpionerki

Викендов ќе се одржи ракометниот фајнл фор турнир за пионерки

Скопје, 18. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Пионерската екипа на Вардар во сабота ќе игра на фајнл фор турнирот и ќе се бори за титулата во домашното првенство.

Во полуфиналето Вардар ќе игра со Куманово, а во вториот меч се среќаваат Металург и Стружанка. Истиот ден се играат и натпреварите за трето место и финалето.

Финалната пресметка е закажана за 18.15 часот, а борбата за третото место е од 17: 00 часот. Натпреварите се играат во салата во Автокоманда.

Во регуларниот дел од сезоната најмладите ракометарки на Вардар го освоија првото место во својата група. (Крај)

извор: zrkvardar.mk  фото: архива