paradamaici

Матурантите точно напладне ќе танцуваат на парадата

Охрид, 19. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – „Матурска парада 2017“ ќе се одржи денес напладне.

Годинава покрај матурантите од Скопје, ќе танцуваат матурантите од Струга, Охрид, Струмица и Гевгелија. За прв пат од Охрид, годинава ќе учествуваат матурантите од сите четири средни училишта.

Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“ од Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива