emuc

Вечерва матура ќе слават средните училишта „Свети Наум Охридски“ и „Ванчо Питошески“

Охрид, 19. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Матурантите од две средни училишта од Охрид вечерва ќе ја прослават матурата во свечен амбиент.

Од Електро машинскиот училишен центар „Свети Наум Охридски“ информираа дека 161 матурант годинава ќе ја прослави вечерта. Свеченоста ќе биде во хотелот „Десарет“.

И матурантите од Општинското угостителско – туристичко училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид ќе прославуваат вечерва, во хотел „Силекс“.

vancopitoseskiskolo

Додека матурантите од Средното општинско стручно училиште „Свети Кирил и Методиј“ ќе слават во хотел „Аквалина“, на 21 мај. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива