hvarangitf

Натпреварувачите од „ХВА РАНГ ИТФ“ отпатуваа на Меѓународниот турнир „Љубљана Опен 2017“

Љубљана/Охрид, 19. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец -Охрид, ноќеска отпатуваа на Меѓународниот ИТФ турнир „15 Љубљана Опен 2017“, кој викендов ќе се одржува во Словенија.

Турнирот важи за еден од најсилните за оваа пролетна сезона во централна Европа.

– Се надеваме дека нашите спортисти ќе не претстават како што доликува и ќе направат повторно да се гордееме со нив. Најголема благодарност до нашиот генерален спонзор ПН Метал, кој верно не поддржува на секој настан, велат од клубот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ХВА РАНГ ИТФ