omumetodipatce

Учениците од ОМУ „Методи Патче“ најдобри на Државниот натпревар, освојувајќи бројни први места

Охрид, 19. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – На Државниот натпревар за ученици од музичките училишта, кој се одржа во Скопје од 12 до 14 мај, одлични резултати постигнаа учениците од Основното музичко училиште „Методи Патче“ од Охрид.

Младите музичари од натпреварот се вратија со освоени голем број на први места.

– Наградите зборуваат за тоа дека нашите ученици се одлични. На натпреварот во Скопје беа меѓу најдобрите. Повеќето од нив се вратија со освоени први места. Ние професорите сме многу задоволни од успесите на учениците. Едно по друго имавме три натпревари, општинскиот натпревар, потоа меѓународен натпревар во Битола и Држаниот натпревар во Скопје, вели директорката на училиштето, проф. Емилија Маринова.

Учениците Андреј Наумоскии Габриел Наумоски, кои свират виолина, во класата на Проф.Елица Рашкова, двајцата освоија награда на општински, регионален и државен натпревар. Во категоријата пијано, Матеј Поп Марков, во класата на Проф.Емилија Маринова, освои 1 награда на општински, регионален и државен натпревар.

Од класата на Проф.Петар Танески по музички инструмент кларинет, прво место освоија Наум Палоски и Крсте Башоски. Во натпреварите за флејта прво место освоија: Ана Бошалеска, Стефани Велјановска и Анa Матеска, кои се во класата на Проф.Нина Момировска.

Ученичката Лина Николеска, која свири виолина освои прва награда на општински, прва награда на регионален и втора награда на државен натпревар. Таа се натпреваруваше под менторство на Проф.Христина Пецакоска Николеска. Исто така, ученикот Десарт Елмази, кој свири на виолина, во класата на Проф.Мухамед Бајрам, се стекна со прва награда на општински, регионален и државен натпревар.

Петар Наумоски на виолина, во класата на Проф.Елица Рашкова, освои прва награда на општински, регионален и државен натпревар, а Горазд Наумоски на виолина, под менторство на Проф.Елица Рашкова, освои прва награда на општински, прва награда на регионален и втора награда на државен натпревар.

Предходно на Меѓународниот натпревар „Михајло Николовски“, што се одржа во Битола, двајца ученици од „Методи Патче“, освоија прва и втора награда. Огнен Секулоски освои втора награда по солфеж на овој натпревар, додека Ева Китрозоска освои прва награда по солфеж. Учениците беа под менторство на Проф.Лилјана Булоска.

Како што најави директорката Маринова, на крајот на овој месец училиштетот ќе го одржи традиционалниот Годишен концерт. Концертот ќе биде со почеток во 20 часот, а ќе се одржи на 31 мај во катедралната црква Света Софија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива