If u dont feel right

Траката на Dj Nasty deluxe и Mathew Brabham на прво место по бројот на преземања на djshop

Охрид/Минхен, 19. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Траката „If You Don’t Feel Right“ на охридскиот дј Nasty deluxe, која ја направи заедно со артистот Mathew Brabham, моментално се наоѓа на првото место по бројот на преземања на djshop.de.

Засега на Top 100 House листата за преземања на нови траки, новото музичко остварување „If You Don’t Feel Right“ ја има водечката позиција.

Траката официјално излезе на 3 мај за лејблот City of Drums од Минхен, Германија. Паралелно беа објавени и два ремикси. Првиот е на Stanny Abrahm од Number one Export од Словенија. Додека вториот ремикс е на Michael Steiniger aka Dukadelik Dj од City of Drums. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива