maturskaparadastruga

Струшките матуранти танцуваа на квадрилот

Струга, 19. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес, на новиот плоштад во Струга, матурантите учествуваа на матурската парада.

Тие танцуваа според концептот за годинава, во сини и жолти маички, капи и чадори.

Како и секоја година, така и оваа, преку матурската парада, младите ја пратија универзалната порака за ненасилство и мир. Струшките матуранти си посакаа среќна матура, успешно завршување на средното образование и запишување на факултетот, кој го одбрале.

Квадрилот се играше во повеќе македонски градови. (Крај)

извор: Strugaonline/ОхридПрес фото: Strugaonline