Мажите согоруваат калории дури и со мирување
Лондон, 19. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Жените согоруваат многу помалку калории од мажите, покажуваат резултатите од едно истражување.
Лекарите кои мерат колку енергија трошат луѓето при секојдневните активности, откриле големи разлика во трошењето на калории кај мажите и жените.
Паровите кои учествувале во студијата изеле храна која содржи 600 калории, а потоа добиле различни задачи: едночасовен тренингот во сала, три часа чистење и потоа одмор. Потоа било измерено трошењето на енергија.
Мажите кои само гледале телевизија потрошиле 640 калории за својата “активност”, а партнерките – само 292.
Жените согоруваат помалку калории од мажите, бидејќи имаат помала мускулна маса. (Крај)
извор: BBC фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |