parada2

Охридските матуранти по 11-ти пат танцуваа “квадрил”

Охрид, 19. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со звуците на Штраусовата опера “Лилјакот”,охридските матуранти по 11 -ти пат ја одиграа Матурската парада.

Заедно со нашите матурани,во исто време танцуваа и нивните врсници од неколку македонски градови, но и од градови во Европа.

maturskaparada1

И оваа година професоркарката Соња Думбаловска Делова се погрижи се да изгледа онака како што доликува. Таа информира дека подготовките траеле еден месец, а на годинешната парада учествувале 330 матуранти од сите средни училишта во градов.

maturskaparada2

Благодарност до професорката, во име на матурантите упати Поликсена Тунтева.

– Ние знаеме колку напор и енергија вложивте за да го доживееме овој танц како дел од нас, дел од нашите срца и колку љубов вложивте во нас за нашиот прекрасен Охрид да ја продолжи оваа традиција. Многу генерации со години ќе ве паметат по овој несекојдневен и невообичаен подвиг, овој прекрасен музичко сценски момент кој ќе остане врежан во нашите сеќавања, рече Тунтева.

Средношколците и овој пат традиционално ја искажаа заклетвата за ненасилство. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: ОхридПрес