Избор Хроника

Охриѓанец изгубил контрола над возилото во Скопје, повредено едно лице

Скопје, 21. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска, еден часот по полноќ, се случила сообраќајна незгода на крстосницата од улиците „Владимир Полежановски“ и „Адолф Циборовски“ во Скопје, при што е повредено едно лице.

24-годишниот К.С. од Охрид, управувајќи возило марка „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во дрво.

По незгодата, со возило на брза помош, сопатничката, 25-годишната М.М. од Скопје била пренесена во Ургентен центар „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди и е задржана на понатамошно лекување. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука