Избор Струга

Донаторска вечер во Струга за лицата со Даунов синдром

Струга, 19. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – По повод 21 Март – Светски Ден на Дауновиот Синдром, Здружението Порака Нова од Струга, во сабота ќе организира донаторска вечер.

Во декември 2011 година, Генералното Собрание на Обединетите Нации го прогласи 21 Март за Светски ден на Дауновиот Синдром. Генералното Собрание одлучи дека почнувајќи од 2012 година, секоја наредна година на 21 март ќе се одбележува Светскиот Ден на Дауновиот Синдром и ги поканува сите земји членки на ОН, релевантните организации на системот на ОН други меѓународни организации, вклучувајќи ги невладините организации и приватниот сектор, да го одбележат овој ден на соодветен начин, со цел да се постигне поголема јавна свест за Дауновиот Синдром.

Сите жители на Струга и Вевчани го одбележуваат овој ден така што ќе учествуваат во Донаторската акција.

Акцијата ќе се спроведува во повеќе локали:

– Кафе бар Пливалиште, Струга – почеток 22:00 часот
– Кафе бар Грифон, Струга – почеток 22:00 часот
– Кафе бар Албум, Струга – почеток 22:00 часот
– Кафе бар Piazza, Вевчани – почеток 22:00 часот
– Дискотека Revolution, Струга – почеток 01:00 часот
– Дискотека Оаза, Струга – почеток 01:00 часот

Сите донации одат за лицата со Даунов синдром и нивните другари од Порака Нова. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука