hvarangitf

Клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ ќе учествува на меѓународен таеквондо турнир „3 Мали Зворник Опен 2017″

Охрид, 30. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескоец – Охрид, викендов што следува, на 3 јуни, ќе учествува на меѓународен таеквондо итф турнир „3 Мали Зворник Опен 2017″ во Мали Зворник, Србија.

На овој турнир под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан, поранешен светски вицешампион, натпреварувачите на Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид ќе ги одмерат силите во две дисциплини борби и форми поединечно.

– Се надеваме дека и овој пат претставниците на Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид ќе не престават во најубаво издание и ќе не направат да се чувствуваме горди, велат од клубот, кој е моментално еден од најуспешните и најтрофејните во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива