Rakomet

Утре натпревар меѓу РК „Охрид 2013“ и РК „Пелистер“

Охрид, 30. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утре за љубителите на ракометот ќе биде спортски ден.

Во Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ Охрид, ќе се одигра последното коло од play off на Супер Машка Ракометна Лига на Македонија, што е воедно потврда на најуспешната сезона во охридскиот ракомет и пласманот во европските купови.

Утре ќе се натпреваруваат екипите на Ракометниот клуб „Охрид 2013“ и Ракометниот клуб „Пелистер“.

Натпреварот ќе биде во 18:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива