sv-_sofija

Вечерва традиционален годишен концерт на ОМУ „Методи Патче“

Охрид, 31. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Основното музичко училиште „Методи Патче“ од Охрид вечерва ќе го изведе Годишниот концерт, кој традиционално се одржува секоја година.

Концертот ќе биде со почеток во 20 часот, а ќе се одржи во катедралната црква Света Софија.

Ќе настапат учениците од сите класи, поддржани од нивните ментори. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива