policija4

Преку лажен фејсбук профил посредувал за швајцарски визи

Струга, 17. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – ПС Струга поднесе кривична пријава против Н.С. (37) од Тузла, Босна и Херцеговина, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Пријавениот во текот на јануари 2017 година на својот фејсбук профил објавил лажна страница со назив „Vize pune per Europ“,  на која се преставил  како посредувач-вработен во агенција за посредување за добивање на швајцарска виза и оставил телефонски број за контакт преку апликацијата „WhatsApp“.

Набрзо, на посочениот број му се јавил Е.П. (23) од Поградец, Република Албанија по што на почетокот на минатиот месец  дошло до нивна средба во Струга.  Притоа, Е.П. на пријавениот му предал патна исправа и комплет документи,  како и 450 евра со надеж дека за брзо време ќе ја добие ветената виза за Швајцарија.

Веднаш по средбата пријавениот  го избришал фејсбук профилот и го исклучил мобилниот телефонски број.

По преземени оперативни мерки, утврден е идентитетот на сторителот и извршен е претрес во неговиот дом.(Крај)

извор: СВР Охрид   фото: архива