sahovskaolimpijada

Охрид домаќин на 15-та Шаховска олимпијада за слепи и визуелно хендикепирани лица

Охрид, 18. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска во Охрид започнува 15-та Шаховска олимпијада за слепи и визуелно хендикепирани лица, што е најголем шаховски настан организиран кај нас во оваа категорија.

За Македонија ова ќе биде петти настап на еден ваков настан. Најдобриот пласман досега е остварен во Шпанија во 2004 година, каде го освоивме 10-то место.

Олимпијадата има девет натпреварувачки кола, а боите на Македонија ќе ги бранат петмина шахисти.

Партиите ќе се играат со временско темпо од два часа за 40 потези, плус 60 минути до крајот на партијата.

Главен судија на Шаховската олимпијада ќе биде Иван Кочовски, додека негов помошник Сашко Лакински.
Олимпијадата ќе трае до 29-ти јуни, а ќе се одржува во хотелите „Метропол“ и „Балви“. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива