izvlekuvanjedavenik

Спасителите на Црвен крст ќе спроведат показна вежба на спасување давеници

Охрид, 18. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Црвен крст и годинава, пред стартот на летната туристичка сезона, ќе реализира показна вежба на спасување давеници и укажување прва помош.

Вежбата ќе се реализира според соодветно сценарио, а е во рамки на активностите во делот за безбедност на вода.

Показната вежба ќе се реализира денеска на старото пристаниште во Охрид, пред хотелот „Палас“, со почеток во 12:15 часот, а ќе ја следат гости од Црвениот крст на Норвешка. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива