vasilhadzimanov

Ексклузивен концерт на Васил Хаџиманов Бенд во Охрид

Охрид, 18. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Еден од најголемите џез музичари на Балканот, Васил Хаџиманов на 19-ти јули ќе одржи ексклузивен концерт во клубот Jazz Inn.

Идејата на Васил за комбинирање на традиционалните балкански фолк ритми и западните, модерни стилови (jazz, funk, rock, world music) во неговата музика е во потполност автентична и претставува нов пристап во џез музиката.

Хаџиманов во Охрид доаѓа со својот бенд, во кој членуваат: Мирослав Товариќ, Бојан Ивковиќ, Предраг Милутиновиќ и Бранко Тријиќ.

Досега имаат објавено шест албуми, а моментално го промовираат последниот албум “Alive”, кој е нивни прв албум снимен во живо во пет различни градови, во пет концертни сали. Специјален гостин е светски познатиот саксофонист Davin Binney, а албумот е издаден за Американската издавачка куќа “MoonJune Records” од Њујорк.

Во изминатите 15 години, Васил Хаџиманов и неговите музичари неуморно и со голем успех ја свират нивната музика на концерти и џез фестивали на секаде во светот, од Скопје, Белград, Нови Сад, Загреб, па преку Берлин, Виена, Братислава, Нагоја, Париз и Трст.

Хаџиманов во Охрид последно свиреше во 2011 година, на фестивалот „Охридско лето“, како специјален гостин на концертот на Влатко Стефановски и Стефан Миленковиќ.

Концертот ќе биде со почеток во 22:00 часот. Влезниците се со ограничен број, само 70, а ќе се продаваат по цена од 500 денари. Ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 19-ти јуни, во музичката продавница Зи Зи Топ. (Крај)

извор: ОхридПрес    фото: facebook