uranija_640x360

Охрид домаќин на 50-та Школа по природно право

Охрид, 19. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид ќе биде отворена јубилејната 50-та Школа по природно право.

Настанот ќе се одржува во Куќата на Уранија.

Ќе се дебатира на неколку теми и тоа: „Демократијата и владеењето на правото“, „Устав, владеење на право и човекови слободи и права“, „Демократија и политички партии“ и „Независно судство“.

Учество ќе земат домашни и странски предавачи и академици.
Меѓу присутните, ќе биде и амбасадорот на САД, Џес Бејли, потоа академиците Таки Фити, Владо Камбовски, Георги Старделов, Абдулменах Беџети. На школата ќе присуствуваат професорите Светомир Шкариќ, Борче Давитковски, Никола Тупанчески, Гордан Калајџиев, Елена Мујоска Трпевска, судијата во Врховниот суд Лидија Неделкова и други. (Крај)

извор: ОхридПрес  фото: архива