zankomaraton

Со поминати 62 153 чекори успешно заврши планинскиот маратон на Голабоски и Танески

Охрид, 19. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Успешно заврши планинскиот маратон за освојување на врвот „Магаро“, кој го реализираа двајцата вљубеници во планините, пионери во ваков потфат, Жанко ЗШ Голабоски и Мишко Танески.

Тие изодеа пеш по Галичица, од Охрид до врвот „Магаро“ и назад до Велестово, во должина од 50 километри.

Целта на акцијата ни беше да ги раздвижиме луѓето од сите возрасти од најмлади до најстари да се раздвижат, да избегаат од урбаната џунгла и да бидат дел од природата. Впрочем тоа беше и мотото на нашиот планински маратон „Движи се, да не заборавиш да одиш“, потенцира Жанко ЗШ Голабоски.

maraton1

– Секој може во текот на денот да најде половина или еден час во текот на денот да направи некоја физичка активност. За потфатот трениравме секојдневно три и пол месеци. Оваа траса во изминатиов период ние ја поминавме 15-на пати дел по дел, така да знаевме што не очекува, рече Голабоски.

За искусниот планинар Мишко Танески овој маратон бил еден од потешките во неговата досегашна 10 годишна активност по планините.

maraton5

– Кога се враќавме назад чувството беше априори како да слегуваме од врв од 8 000 метри, со халуцинирање и тотална дехидрација и премореност. Направивме 62 153 чекори, за среќа времето беше на наша страна, истакна Танески.

Според него во овој случај не се толку важни километрите и должината на патеката, туку елевацијата на теренот, што овде беше 4 000 метри, што претставувало голем напор.

maraton2

Интересно е тоа што Танески на висина од 2.245 метри го прослави својот 46-ти роденден, а Голабоски 30 години од матурата.

Во акцијата учествуваа и планинари и вљубеници на природата од „ЗШ Авантура“,околу 100- на граѓани кои дадоа безрезервна поддршка, потоа планинари од Хрватска, Полска и други земји, а кон акцијата се приклучија и 50-на пријатели од Ресен и цела Македонија кои беа дел од „Tour De Galicica“.

Поддршка на маратонот даде и здружението „Мозочен удар“.

– Физичката активност е многу значајна. Таа го намалува за 30% ризикот од секакви болести, особено од мозочен удар. не мора секој да биде планинар, за да биде физички активен, истакна д-р Маја Божиновска – Смическа.

Голабоски и Танески истакнаа дека ваков подвиг може да се повтори од септември, кога би се реализирало со повеќе луѓе и тоа како дводневно планинарење. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: ОхридПрес/Жанко ЗШ Голабоски