Анита Мицова ќе го промовира првиот албум
Струга/Скопје, 20. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – „Ти сум јас“ е насловен албумот првенче на стружанката Анита Мицова, кој ќе биде промовиран на 27-ми јуни, од 20:30 часот во Bistro Opera Pub во Скопје.
Како најава за албумот, беа двата синглови на Мицова, „Два животи“ и „Биди добар“.
Песните се дело на тандемот Весна Малинова-Бабамова и Кирил Бабамов. Што се однесува до стиловите, албумот претставува микс од повеќе стилови, меѓу кои и боса- нова со етно примеци. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |