Хроника

Кривична пријава за охриѓанец поради загрозување на животот и сигурноста на неговиот татко

Охрид, 20. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44 годишниот З.С. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство“.

Пријавениот, казненото дело го сторил на шести минатиот месец во  семејниот стан во кој живее заедно со неговиот 68 годишен татко.

– Во момент на караница и агресивно однесување, пријавениот, загрозувајќи го животот и сигурноста на неговиот татко, извадил алишта од плакарот, ги ставил сред соба и ги запалил. Потоа почнал да фрла разни предмети од покуќнината, скршил две прозорски стакла, при тоа упатувајќи сериозни закани по животот на својот родител, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Пријавениот З.С. е познат на службата, против кого по слични и други основи, досега биле поднесувани повеќе кривични пријави. (Крај)

извор: СВР Охрид   фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука