Избор Спорт

Стартува Турнирот во мал фудбал „Петровден“ во селото Мешеишта

Охрид, 20. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утревечер во охридското село Мешеишта стартува традиционалниот, годинава 43-ти по ред, Турнир во мал фудбал „Петровден“.

Учество ќе земат 34 екипи, поделени во осум групи.

Вкупниот награден фонд „тежи“ 110.000 денари. Првопласираната екипа ќе добие 60.000 денари, за второ место 30.000 денари, третите ќе земат 15.000 денари, а четвртопласираните 5.000 денари. Покрај тоа предвидени се и награди за најдобриот играч, голман и најдобриот стрелец на турнирот.

Натпреварите ќе се играат во вечерни термини, а турнирот ќе трае до 12-ти јули. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука