ovosjeizelencuk

1100 тони овошје и зеленчук дневно одат од Иран за Катар

Техеран, 22. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Секојдневно, Иран му испраќа по 1.100 тони овошје и зеленчук на Катар, кој е блокиран од соседните земји во Персискиот залив.

Ова го изјави директорот на иранското пристаниште Бушер, Мухамед Мехди Боншар,  кое се наоѓа спроти Катар, земја која има 2,2 милиона население.

Тој истакна дека 350 тони храна дневно се испраќаат во катарските пристаништа од иранското пристаниште Даер, а 750 тони од иранското пристаниште Болхеир Тангестан.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Египет и уште неколку арапски земји на 5 јуни ги прекинаа дипломатските односи со Катар, кој е обвинет дека поддржува тероризам и е близок со Иран. (Крај)

извор: Нова Македонија    фото: архива