vmro np

ВМРО-Народна: МЈП „Проаква“ да се раздели на три единици

Охрид, 27. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Новата влада на Република Македонија да донесе одлука за раздружување на МЈП Проаква, тоа да се раздели на три единици и тоа, Водовод Охрид, Водовод Струга, а колекторскиот систем да биде посебно јавно претпријатие под државна капа, бара охридскиот огранок на ВМРО – Народна партија.

Од партијата сметаат дека на тој начин ефектот од работата би бил поголем.

Што се однесува до барањето за формирање на ново Државно јавно претпријатие „Колектор”, од ВМРО – Народна тоа го оправдуваат со фактот што на тој начин би се олеснила работата на МЈП „Проаква“, но и трошоците за струја, кои во најголем процент одат за одржување на колекторскиот систем.

Од партијата потсетуваат дека вакво барање поднеле уште во 2009 година. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива