bitcoin1

Во ресторан во Москва може да се плаќа со биткоин

Москва, 28. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Русија оди чекор понапред во прифаќање на биткоинот како легитимна валута, па така ресторанот „Валенок“  во Москва започна да прифаќа плаќање со криптовалутата од гостите.

– Сакаме да одржиме темпо со новото време. Ако има побарувачка од гостите за наплата со биткоин, ние дури ќе инсталираме специјални автомати за менување на биткоини за одредена услуга која тие ќе ја побараат од нас, посочи Михаил Петунков портпаролот на ресторанот Валенок.

Освен „Валенок“, најави за можност за користење на биткоинот како платежно средство има и од синџирот на ресторани Бургер Кинг во Русија. (Крај)

извор: Фактор   фото: архива