estoniaeu

Естонија е нов претседавач со Европската унија

Талин, 1. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Естонија денеска од Малта го презеде шестмесечното претседателство со Европската Унија, кое ќе се одвива под мотото „Единство преку рамнотежа“.

Естонскиот премиер, Јури Ратас и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер вчера разговарале околу програмата на естенското претседавање со унијата.

– Веруваме дела во Европа постои широк консензус за да можеме да одговориме на сите предизвици и да ги искористиме сите можности што ни се нудат. Мораме да ја поттикнеме отвореноста на економијата и на општеството, а во исто време да обезбедиме заштита и сигурност, соопшти естонската Влада по повод преземањето на претседавањето со ЕУ.

Естонија во рамки на своето претседвање ќе ги промовира процесите на дигитализација во Унијата. За време на претседавањето со ЕУ, Естонија ќе организира 45 собири псоветени на теми од дигиталната технологија, а дигитализацијата ќе биде и една од клучните теми на Самитот на ЕУ предвиден за 29 септември во Талин. (Крај)

извор: Алсат М   фото: архива