tezga1

Реакција: Дивите „пазари“ се опасност за здравјето на граѓаните (Фото)

Охрид, 4. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ве молам да се сврти вниманието на јавноста на дивите продавачи на овошје и зеленчук во градов, ги има на секој чекор, на улица продаваат каде има многу ѓубре и прашина. Може да се затруе некој. Ниту даноци плаќаат, ниту ништо…

tezga2Ова стои во реакцијата на дел од жителите на Охрид испратена до редакцијата на OhridPress. Граѓаните реагираат на ниското ниво на хигиена и неможноста да се знае за каков вид храна станува збор, дали истата е испитана и проверена во соодветни институции и сл.

tezga3– Дополнително, каква грда слика е ова за туристите? Се расипува овошјето тука, го фрлаат на сите страни и тоа страшно мириса и плус е можно да е канцерогено. Нека дојде инспекција да провери. Ние од наша страна веќе пријавивме до сите инспекции. Како може вака, срамота е, ќе се разболиме сите, рагираат граѓаните.

tezga4Вакви импровизирани „пазари“ има на неколку локации во градот, а најголеми се оние кај Градската болница и кај автобуската станица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива