srednoskolci1

Средношколците од септември нема да учат по Кембриџ

Скопје, 5. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – На последната седница на Владата на РМ беше донесена одлука со која од септември оваа година Кембриџ програмата нема да се имплементира во јавните средни училишта, информираат од Министерството за образование и наука.

Определба на Владата и Министерството за образование и наука е современо образование и квалитетни наставни програми за подобрување на воспитно-образовниот процес во земјата. Воведувањето на нови наставни програми бара анализа и обмислување на процесите, а не избрзани решенија. Тоа меѓу другото значи и подготовка на учебници кои користат соодветна терминологија, кои се јасни и прецизни и кои се соодветни за образовниот систем на Република Македонија, стои во дописот.

Од ресорното министерство велат дека ваква одлука е донесена заради временскиот теснец да се обезбедат стандардите и заради избегнување на несакани ситуации во средното образование, со што ќе се даде разумен временски период за дебата и подготовка на учебници од кои македонските ученици ќе го добијат заслуженото квалитетно и светско образованиие. (Крај)

извор: МОН    фото: архива