gubreopstinastruga

Депонијата гори – стружани го оставаат ѓубрето пред општината!

Струга, 6. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Група граѓани, незадоволни поради нерешавањето на проблемот со депонијата, која одново се запали и ги труе стружани, синоќа фрлаа ѓубре пред здрадата општината во Струга.

– Ако не се дислоцира депонијата и не се реши овој проблем во најскоро време, ќе превземеме порадикални мерки. Ќе излеземе на нови протести и ќе ги блокираме патиштата, изјавија присутни граѓани.

Тие додаваат дека овој проблем е присутен години наназад, а некој профитира од тоа и си игра со нивното здравје. Стружани изјавија дека нема да престанат со притисокот додека не се најде решение за проблемот со депонијата.

deponijastruga3Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, на 22-ри минатиот месец најави дека се разгледуваат сериозни можности во наредниот период струшката депонија да биде дислоцирана и дека во најкус можен рок ќе се најде решение за проблемот.

– Ние како Влада, иако мојот ресор не е надлежен ракување со депонијата, сепак ќе се потрудиме да направиме се`, иако од граѓаните беше побарано тоа да се направи за 15 дена, во најбрз можен рок да го решиме овој долгогодишен горлив проблем на стружани, рече Сугарески.

deponijastruga2Деновиве ескалираше проблемот со загадувањето од депонијата, која со децении е хроничен проблем на стружани. Изминативе недели се одржуваа протести за чист воздух, на кои граѓаните побараа одговорност од надлежните и решение на проблемот со струшката дива депонија. (Крај)

извор: ОхридПрес/strugaonline.mk фото: strugaonline.mk/ОхридПрес