zemjotres-640x360

Нов земјотрес од 3,9 степени во 21:31 часот

Охрид, 8. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Нов земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на Охрид во 21:39 часот.

Земјотресот бил на длабочина од само 1 километар на шест километри северно од Ресен и 4 километри североисточно од Јанкоец.

Ова е само продолжение на потресите кои го погодија поширокиот регион на Охрид во текот на последните 24 часа. Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на Охрид во 17:10 часот. Земјотресот бил на длабочина од 5 километри и на на шест километри западно од Ресен.

Денеска и во 11:07 часот беше почувствуван земјотрес во Охрид со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала.

Во текот на ноќта во Охридско беа почувствувани седум земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 4,2 степени според Рихтер ги вознемири жителите четири минути по полноќ. Епицентарот бил на 9 километри источно од селото Косел на длабочина од 2 километри. По овој потрес следеа уште неколку земјотреси во 00:37 со магнитуда 2.7, во 00;54 часот со јачина 3.5, во 01:02 часот со интензитет од 2.9 степени и во 01:10 часот со јачина од 3.3 степени по Рихтер.

Вчера во 23:45 часот измерен е земјотрес со јачина од 2.8 степени, на кој му претходеше уште еден со магнитуда од 3.1 степени по Рихтер што се случи во 21:38 часот.

Од 18-ти јуни до денеска во Охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива