koncert struga

Концерт на учесници на семинар по соло пеење утревечер во Струга

Струга, 10. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Учесниците на семинарот по соло пеење во организација на музичкото студио „Соната“ кај проф. Марија Муратовска – Наумовска, утревечер во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе одржат концерт.

Љубителите на музиката ќе уживаат во софистициран музички настан, на кој ќе бидат изведени познати арии во пијано придружба на Благовесна Булоска.
Почетокот на концертот е во 21:00 часот, а влезниот билет е по цена од 50 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес    фото: архива