pejcinoskitrio

Значајно признание за Дамјан Пејчиновски трио на фестивал во Кина

Ланжу/Охрид, 14. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот виртуоз на гитара Дамјан Пејчиновски, заедно со неговите колеги од триото, Горан Гешовски и Иван Петровски, се вратија со значајно признание од учествто на познат фестивал на културата во кинескиот град Ланжу.

Триото ја освои наградата “Excellence In Performance”, а им ја врачи лично градоначалникот на Ланжу.

damjan3

 

damjankina

Фестивалот се одржа од 6-ти до 11-ти јули, а Дамјан Пејчиновски трио се претставија со со џез   и македонски етно компонзиции во сопствен аранжман.

damjan2

– За нас претставува огромна чест што ја добивме оваа награда и што стоиме меѓу рамо до рамо со најдобрите учесници на овој фестивал, напиша Дамјан на својот фејсбук профил.

Нивната музика наишла на одличен прием кај тамошната публика. (Крај)

извор: ОхридПрес    фото: Дамјан Пејчиновски