sumi1

Од денес делумна забрана за движење во шумите

Охрид, 15. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради високите температури и опасноста од појава на шумски пожари, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од денеска воведува делумна забрана за движење во шумите со стопанска намена.

Одлуката е донесена во координација со ЈП „Македонски шуми“, а ќе биде на сила еден месец, односно до 15-ти август.

Оваа одлука не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, како што се националните паркови, парк шумите, шуми со специјална намена, споменици на природата и слично.

Одлуката исто така не важи и за организирана група на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена, националните паркови и парк шумите. Но, доколку се појави потреба, туристичката тура ќе биде во придружба на претставник од ЈП „Македонски шуми“, националните паркови и парк шумите. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива