vodovodkuratica

Ќе се реконструира селскиот водовод во Куратица

Охрид, 15. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве започна со реализација на проектот за реконструкција на селскиот водовод во село Куратица.

Според проектот е предвидено поставување на нов цевковод во должина од 470 метри, 4 шибери и 2 нови шахти за регулација на водата. Со овој проект ќе се подобри квалитетот на водата која претходно се дистрибуираше со метални цевки кои беа пред распаѓање. Изведувач на работите е фирмата „Бокоп“ од Боровец. Според предвидената динамика, проектот треба да биде завршен за десетина дена. Вкупната вредност на проектот изнесува 260.000 денари, информираат од МЗ во Куратица.

Додаваат дека деновиве ќе стартува реализацијата на уште еден проект за фаза од реконструкција на стара зграда на сред-село. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива