Kagawa

Шинџи Кагава останува „милионер“ до 2020 година

Дортмунд, 16. јули 2017 (ОХРИДПРЕС)  – Јапонецот Шинџи Кагава го продолжи договорот со Борусија Дортмунд за нови три години и останува верен на „милионерите“ до 2020 година.

За Кагава ова претставува втор мандат на „Сигнал Идуна Парк“, откако го носеше дресот од 2010 до 2012 година, пред да се пресели во Манчестер Јунајтед, Во тимот на „црвените ѓаволи“, иако беше најавуван како големо засилување, не ги оправда очекувањата, па по две сезони повторно се врати во тимот од Дортмунд.

Јапонецот за тимот од „Сигнал Идуна парк“ одигра 127 натпревари и постигна 36 гола, а беше дел од извонредната генерација, која во 2011 и 2012 година успеа да стгигне до титулата шампион на Германија. (Крај)

извор: Гол.мк фото: архива