lucas-leiva

Лукас Леива на чекор до потпис со Лацио

Ливерпул, 16. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ливерпул ја прифатил понудата од страна на Лацио во вредност од 5 милиони фунти за Лукаш Леива. 30-годишниот Бразилец треба да се разбере со Италијанците за личните услови и да помине медицински прегледи пред договорот да се спроведе.

Така 10-годишната кариера на Лукаш на „Енфилд“ може да заврши до денови. Лацио ќе му овозможи да игра редовно, што не се случува во Ливерпул. Римјаните го земаат Леива за заменик на Лукас Билиа, кој преминува во Милан. Бразилецот можеше да заигра во Италија и од зимата, кога интерес кон него имаше од Интер. Тогаш тој одлучи да остане и имаше заслуга за пласманот на тимот во Лигата на Шампионите.

Бразилецот игра за „црвените“ од 2007 година, кога беше привлечен од Гремио за 5 милиони фунти. Минатата сезона Лукаш, кој има договор со Ливерпул за уште една година, започна како стартер во 19 натпревари во сите натпреварувања. (Крај)

извор: Стандард.мк фото: архива