Ilja-Nestorovski

Несторовски именуван за нов капитен на Палермо

Палермо, 16. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски доби голема чест во редовите на Палермо, откако е именуван за нов капитен на тимот.

На предлог на претседателот Маурисио Зампарини, кој едногласно бил прифатен од тренерот Бруно Тедино и фудбалерите, Нестороски ќе ја носи капитенската лента во составот на Палермо во претстојната сезона од Серија Б, во која амбициите на клубот се експресно да се врати во елитното италијанско фудбалско друштво.

Несторовски се уште се споменува низ италијанските медиуми и како приоритетна цел на калчолигашот Фиорентина за засилување на навалната линија. Но, Зампарини веќе напомена дека летово одбил две одлични понуди за македонскиот напаѓа, една од 15 милиони и втора од 7 милиони евра. Најверојатно, претседателот сака тој да остане и да биде предводник на тимот во походот за враќање во Серија А. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: архива