amerikanskavojska

Вселенски корпус, нов род во американската војска

Вашингтон,15. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Американскиот Претставнички дом одобри формирање нов род војска, наречен Вселенски корпус со цел – операции во вонземско пространство.

Ова наиде на резервираност кај администрацијата на претседателот Доналд Трамп според кои се зголемува воената бирократија.

Американската армија вклучува во моментот копнени, ВМС и ВВС, како и експедициски корпус маринци.

Поддржувачи тврдат дека зависноста од сателити бара формирање таков род војски која ќе ги заштитува и контролира. Малку е веројатно новиот род во армијата да се формира итно бидејќи сенатската верзија на нацрт-законот не предвидува таков чекор.  (Крај)

извор:МИА  фото: архива