nusictriptih

Претставата „Триптих Нушиќ“ вечерва на фестивалот „Охридско лето“

Охрид, 16. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Претставата „Триптих Нушиќ“ во изведба на Институтот за уметничка игра од Белград вечерва на „Охридско лето“.

Проектот „Триптих Нушиќ“ е составен од три современи танцови кореографии кои претставуваат нов уметнички израз и ново обликување на драмските текстови на еден од најзначајните комедиографи Бранислав Нушиќ.

Со оваа претстава се сублимирани три од неговите најзначајни дела – „Госпоѓа Министерка“, „Ожалостено семејство“ и „Хотел Екселзиор“, низ призмата на кореографите Исидора Станишиќ и Мачеј Кужмински.

Претставата, која е копродукција меѓу српскиот институт и фестивалот „Охридско лето“, ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива