hranarestoran

Тројца странски туристи во болница поради труење со храна

Струга, 16. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Тројца странци се пожалиле на труење со храна што ја конзумирале во хотелски објект каде биле сместени.

Вчера во Полициската станица во Струга, од Медицинскиот Центар – Струга било пријавено дека во Интерното одделение биле донесени еден холандски и двајца израелски туристи кои се пожалиле на труење од храна.

По укажаната лекарска помош, истите биле пуштени на домашно лекување. Со случајот се запознаени Јавен обвинител и Државен санитарен инспекторат. (Крај)

извор: МВР фото: архива