carsija3

Раздвижено низ Охрид и покрај есенското време среде лето (Fото)

Охрид, 17. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – И покрај облачното и студено време, според коментарите на охриѓани „есен сред лето“, денес беше раздвижено низ охридската чаршија и центарот на градот.

Покрај охриѓани, ги имаше и туристите, кои велат во Охрид има што да се види и кога е вакво времето, не мора посетата да се сведе само на плажа, вода и сонце.

carsija2carsija4За среќа, ваквото време ќе се задржи уште денес. Според најавите на синоптичарите веќе од утре не очекува период на стабилно време со постојан пораст на дневната температура, која во деновите од викендот на повеќе места ќе надмине 35 степени.

Температурата утре во Охрид се очекува да достигне 25 степени целзусови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес