irmamario

Победникот на OhridSUPERSTAR Ирма Гогова со нов ковер хит „Redbone“ на Childish Gambino (Видео)

Охрид, 17. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ирма Гогова, севкупниот победник на Талент шоуто OhridSUPERSTAR како подготовка за проектите кои следуваат го издаде коверот на песната „Redbone“ на Childish Gambino.

Песната „Redbone“, која Ирма ја изведува заедно со својот брат Марио, кој свири на акустична гитара е сингл на американскиот рапер Childish Gambino. Беше издадена на 17-ти ноември 2016 година, како втор сингл од неговиот трет по ред студиски албум „Awaken, My Love!“.

17-годишната Ирма Гогова од Охрид е прогласена од страна на жири комисијата за најдобра на првото издание на Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR. Ирма Гогова учи во Гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, каде заврши трета година на јазично-уметничкиот смер. Претходно има учествувано на хуманитарни настапи, патронати, има неколку настапи на телевизија, оди и на хор во Гимназијата веќе 3 години и има настапувано во Белгија, Хрватска, Србија и други земји.

Повеќе за Ирма ОВДЕ, а сега слушнете ја нејзината верзија на „Redbone“ на Childish Gambino, заедно со нејзиниот брат Марио.
извор: ОхридПрес фото: архива