carsija4

Тлото полека се смирува, шпицот на сезоната допрва доаѓа

Охрид, 17. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Месецот јули за Охрид секогаш важеше за период во кој туристичката сезона беше во полн ек… но, годинава сезоната започна со потешкотии, предизвикани од серијата земјотреси кои речиси месец дена ги оставија без сон и ги вознемирија охриѓани, а и придонесоа за помал обем на гости во овој период од годината.

Секое лето во Охрид се атрактивни турите со брод до Свети Наум или ноќните крстарења. Па ги запрашавме бродарите како се задоволни од досегашниот тек на сезоната. Велат интересот е намален, земјотресите си го направија своето. Ги одвратија во намерата да летуваат во Охрид пред се домашните туристи и оние од соседните земји. Но, еве сведоци сме, ситуацијата се смирува, пред нас е и празникот Илинден, па очекуваме Охрид допрва да го доживее шпицот сезоната, велат бродарите.

Кајчарите и сопствениците на популарните катамарани се со сличен став. Како причина за слабиот старт на сезоната ги посочија потресите. Но, тие се оптимисти дека сепак доаѓаат поволни денови за охридскиот туризам.

dozdsezona2

 

suveniri_640x360

И продавачите на сувенири се пожалија на намален промет, но се надеваат дека сезоната ќе се спаси.
По се изгледа полека се ќе си дојде на свое место. Охридското тло полека се смирува, а по есенските температури деновиве, веќе од утре метеоролозите највуваат стабилизирање на времето, со повеќе сонце. Па ќе продолжиме онаку каде што застанавме пред ситуацијата со земјотресите.

Оние кои се попишманија, нека ги спакуваат куферите и повторно нека го изберат Охрид како дестинација за полнење на батериите, односни за нивниот летен одмор. (Крај)

извор: ОхридПрес    фото: ОхридПрес