wizzair1

Ќе се укине доплатата за рачен багаж во „Визер“

Будимпешта/Скопје, 19. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Одлична вест од најголемата нискобуџетска авиокомпанија во регионот на Централна и Источна Европа, „Визер“, патниците од 29- ти октомври нема да плаќаат доплата за внесување поголем рачен багаж во патничката кабина на сите летови.

– За летовите пред 29 октомври 2017 година цената на билет во еден правец опфаќа даноци, административни и други задолжителни такси и мала кабинска торба (максимум 42x32x25 cm).

Големите кабински торби и секој пријавен багаж е подложен на дополнителни такси. За летовите oд 29 октомври 2017 година цените на нашите еднонасочни летови опфаќаат такси, административни и други задолжителни давачки, како и цената на вашиот рачен багаж (55x40x23 cm, максимално 10 kg). Cекој пријавен багаж е подложен на дополнителни такси, соопшти „Визер“.

Авиокомпанијата објави и нова услуга за патниците наречена „wizz priority “, која е достапна од денеска. Услугата вклучува приоритетно качување во авион, а патниците ќе можат во рачниот багаж да внесат и една дополнителна мала торба со максимални димензии 40x30x18cm.

извор: ОхридПрес фото: архива