sugarlobby1

Техно диџејката која го отвори фестивалот Егзит, доаѓа во Охрид и Струга

Охрид, 21. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Љубителите на техно звукот во регионот Охрид и Струга за прв пат ќе имаат можност  да се забавуват со белградската техно диџејка Слаџана Цирјак, позната како Sugar Lobby.

Најзиниот вкус, вештина и уникатниот стил на миксање ја стави на страниците на престижниот магазин Mixmag Adria, како една од 20-те најперспективни диџеи во регионов за минатата година. И не беше изненадување што таа го отвори годинешниот Егзит фестивал. За тамошните импресии и за нејзините настапи ова лето во Охрид и Струга, прочитајте повеќе во интервју за Супер радио и OhridPress.

Супер радио: Најпрво да почнеме од она што е најсвежо, Вашиот настап на фестивалот  Егзит. Сцената, звукот, публиката и атмосферата, какви се импресиите од Егзит?

Sugar Lobby: Ми беше огромно задоволство што ја имав честа да го отворам годинешниот Егзит Фестивал, заедно со колешката Martaод Словенија.  Денс Арената и оваа година ги помести границите, звукот и 3Д визуелизациите беа совршени, исто така и сцената беше поголема од минатите години. Едноставно се изгледаше спектакуларно. Атмосферата која таму се доживува е единствена.

Супер радио: Вашата агенда е прилично исполнета. За прв пат ќе настапите на македонскиот ДримОн фестивал во Струга, но ќе ве видиме и во Охрид?

Sugar Lobby: Сакам да посетувам нови фестивали во регионот. ДримОн фестивал има да понуди добра програма, од работилници, до различни музички жанрови. На лајн-ап сум со Andreas Hz и Klara Vedis. Но, претходно ќе се запознаеме со публиката во Охрид. На 26 јули настапувам во клубот Харем, заедно со  Andreas Hz и Mitrik. Што се однесува до останатите настапи, ова лето настапувам низ Србија и регионот.

sugarlobby3

Супер радио: Како другите ги опшуваат вашите сетови?

Sugar Lobby: Она што моментално го вртам е hypnotic techno, а сакам да уфрлам и oldschool electro синтови.

Супер радио: Имате искуство со настапи на фестивали во земји како Хрватска, Црна Гора, Босна, Бугарија, Холандија, Полска, Германија итн. Може ли да се каже регионот е во чекор со она што се случува на европската клабинг сцена?

Sugar Lobby: Мојата диџејска кариера трае три години и за тоа време доста нешта се променија во однос на порано, кога бев само посетител на настаните. Што се однесува на самата сцена, таа никогаш не била подобра, секој викенд имаме многу богата програма. Клабинг културата и тоа како постои кај нас. Јас оваа година свирев во цела источна Европа и можам да кажам дека сме пример за тоа како се негува оваа сцена.

sugarlobby2

Супер радио: Почетоците во она со што денес професионално се знимавате не водат диретно од диџејството. Какави беа почетоците? Како се роди приказната на Sugar Lobby?

Sugar Lobby: Нормално се тргна од зезање, но со време стануваше се посериозно.

Супер радио: Вашиот последен контакт со македонската публика се случи пред околу половина година, кога гостувавте во прилепскиот клуб  “Синдикат”. Како ја доживеавте македонската публика и каква е соработката со артистите од македонската сцена?

Sugar Lobby: Би ги издвоила Andreas Hz  и Room  313 екипата, со нив имам супер соработка, преку чија организација се реализира моето гостување во Охрид во клубот Харем на 26 јули. Би ги издвоила и девојките од Code XX. Што се однесува до публиката, таа навистина е сјајна. Македонската публика е многу отворена и има супер вајб.

sugarlobby4

Супер радио: Својот  музички талент го релизирате со исто толкава доза на уникатност и во поглед на продукција на сопствени траки, зад кои стојат лејбловите Tauten, Organism и Lunar Limited. Како би ја опишале вашата лична креативна музичка експресија?

Sugar Lobby: Kај мене се зависи од мотивацијата, работам спонтано и според чувствата.

Супер радио: За крај, се караат ли понекогаш Слаџана Цирјак и Sugar Lobby или се во комплетна синергија?

Sugar Lobby: Добро прашање, за сега Слаџана и Sugar функционираат како едно. Благодарам  OhridPress на поканата за интервју, се гледаме наскоро!

извор: ОхридПрес фото: Sugar Lobby