Избор Охрид Хроника

СВР Охрид: По денешниот инцидент се приведени седум лица

Охрид, 21. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Седум лица се приведени во СВР Охрид, по нарушувањето на јавниот ред и мир со употреба на опасно орудие, што денеска во 10:50 часот се случи на плажа во комплексот „Горица 3“ во Охрид.

– Приведувањето на пет од нив е извршено откако претходно, на неколку одделенија во Општата болница во Охрид им е пружена неопходната медицинска помош. Најверојатно поради, подолг временски период нерешени меѓусебни недоразбирања, нaрушувањето, најнапред се случило помеѓу две помали групи по што набрзо на местото на настанот пристигнале униформирани полициски службеници кои, веднаш започнале со мерките за решавање на пријавениот настан. Во текот на преземањето на нивните активности, на местото пристигнале пет лица кои со себе носеле опасни орудија и за мошне кратко време нападнале едно лице кое во моментот бил на шанкот, а кој во претходното нарушување помогнал за смирување на ситуацијата и ги делел учесниците. Тогаш, полициските службеници активно се обиделе да ги разделат двете групи, а набрзо на местото на настанот пристигнало полициско засилување. Тие ја смириле состојбата, а веднаш потоа и помогнале повредените, да се префрлат во охридската Општа болница, информираат од СВР Охрид.

СВР Охрид, во соработка со Јавниот обвинител, презема дополнителни активности и сеуште работи на целосно расчистување на денешниот настан. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука