afrimselimi

„Алма-М“, компанија која веќе 26 години додава вредност

Охрид, 22. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Компанија која додава вредност… веќе 26 години „Алма-М“ е алфа и омега на полето на дистрибуција на познатите светски бреднови Wrigley и Nestle.

За почетоците на компанијата, брендовите кои се под нивна капа, достигнувањата, но и за мисијата и визијата на компанијата разговаравме со Африм Селими, еден од менаџерите за Nestle food производите.

afrimselimi2Супер радио: За почеток да се запознаеме со компаијата, лична карта на „Алма-М“.

Селими: Компанијата „Алма-М“ е основана во 1991 година во Скопје и првично се занимаваше со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 година за првпат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите од реномираната компанијата Wrigley на ниво на Македонија. Во 1999 година компанијата ја прошири својата дејност и на територијата на Косово, за каде го добивме правото за увоз, дистрибуција и продажба на Wrigley.

Супер радио: Покрај Wrigley, за кои се брендови сте дистрибутери?

Селими: Од месец октомври 2004 година „Aлма-М“ склучи договор со операторот T-Mobile, со што добивме овластување да бидеме Master Diler за дистрибуција и продажба на нивните производи на територијата на нашата земја. Една година подоцна, во 2005-та градењето на успешни партнерски односи продолжи со Т-Home. Веќе од 2006 година „Алма-М“ стана дистрибутер на најголемата светска компанија за храна Nestle на територијата на Македонија, а во 2010-та ја презедовме и дистрибуцијата на Nestle Ice cream. „Алма-М“ стана и дистрибутер на Zott програмата.

brendovi1Супер радио: Каква е сопственчката структура и колку вработени има во „Алма-М“?

Селими: „Алма-М“ е приватна компанија во сопственост на едно лице. Има компанија ќерка во Албанија која се занимава со малопродажба, односно станува збор за ланец на маркети. Бројката на вработени е над 250.

alma-m1Супер радио: Колку македонските граѓани ги користат производите кои ги застапувате?

Селими: Реално македонските граѓани не можат без нашите производи. Нема некој што не џвака мастики Orbit, потоа тука е Nescafe, Thomy majonez…

Супер радио: Како се справувате со конкуренцијата?

Селими: Конкуренцијата ја почитуваме, се справуваме на најпрофесионален начин. Добро е кога има конкуренција, бидејќи тоа е можност да ја видиме нашата позиција на пазарот, да се поправиме во одредени области, но и да не мотивира да бидеме уште посилни и поуспешни во тоа што го работиме.

Супер радио: Што е најново летово од „Алма-М“ во поглед на промоции, наградни игри… Со оглед на тоа што е во тек летната сезона?

Селими: Она што е актуелно, еве во Охрид е заедничката активност што ја имаме со „Тамаро“ маркетите. Станува збор за летна акција, односно наградна игра во знакот Nescafe. До 15-ти август со купување на Nescafe класик, Nescafe 3 во 1 или други Nescafe производи во вредност од 299 денари се добива грепка. За потрошувачите се обезбедени 1.406  подароци.

nescafetamaro3Супер радио: Која е визијата и мисијата на компанијата?

Селими: Визијата на „Алма-М“ е да биде најголема и најуспешна компанија во Македонија за дистрибуција, продажба и логистика на производи за широка потрошувачка. Пронаоѓајќи го успехот во дистрибутивниот бизнис во Македонија, ние се обврзуваме за постигнување на резултати согласно светските стандарди во сé што работиме. Ние знаеме каде одиме, а тоа е патот кон остварување на големите цели. Притоа секогаш имаме на ум дека извонредноста не е само крајна дестинација, туку континуирано патување кое никогаш не завршува. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/архива